Пријави се и претставија својата земја на нашата PES Балканска лига!
Sinalco PES Балканската лига е официјално eFootball PES натпреварување за Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија каде националните тимови се натпреваруваат помеѓу себе за победничката титула!
Sinalco PES лигата се враќа на малите екрани од 18 октомври, а сите натпревари ќе се пренесуваат во живо на Fortuna Esports YouTube каналот, како и на Sport Klub Esports TV каналот, од 18 октомври до 5 декември.
Квалификации
Квалификациите за сезона 4 ќе се одржат во текот на септември. Играчите од Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе се квалификуваат преку настаните во живо, додека останатите 4 земји ќе играат онлајн.
Северна Македонија, Хрватска, Албанија - онлајн - ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КЛИКНЕТЕ ТУКА
- 11.09. - групна фаза
- 12.09. - knockuots
- 18.09. - Финал 4
Босна и Херцеговина и Црна Гора – ЛАН НАСТАН - ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КЛИКНЕТЕ ТУКА
- 18.09 - групна фаза и knockuots
- 19.09 - Финал 4
Србија - онлајн - ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КЛИКНЕТЕ ТУКА
- 12.09. - групна фаза
- 18.09. - knockuots
- 19.09. - Финал 4
Секоја земја ќе има свои квалификации, а финалистите ќе обезбедат место на нивниот национален Финал 4 турнир.
- Големината, распоредот и форматот на групата ќе зависат од бројот на учесници
- Играчите се слободни во изборот на клубови (не е дозволено да се изберат репрезентации)
- Играчот домаќин има приоритет за избор на клуб, а гостинскиот играч не може да го избере истиот клуб
- Двајцата најдобро пласирани играчи во групната фаза ќе се квалификуваат за плеј -оф фазата. Групната фаза ќе се игра по системот дома/гости, против секој противник. Во случај на нерешен резултат, резултатот ќе се користи како тајбрејкер (ќе се земе во предвид голот во гости), проследено со гол разлика ако е потребно
- Фазата на елиминација ќе содржи два натпревари. Во случај на нерешен резултат, головите на гости ќе се користат како први критериуми за решавање, проследено со нов натпревар од 5 минути со овозможено продолжение и пенали како конечни критериуми за одлучување
F4 квалификации:
Во оваа фаза ќе бидат двајцата најдобри играчи од квалификациите заедно со двајцата играчи од минатата сезона(репрезентативците од Сезона 3).
- Форматот е double round-robin (секој играч игра против секој два пати). Двајцата најдобро пласирани играчи ќе го обезбедат своето место во националниот тим за четвртата сезона од Балканската Sinalco PES лига
- Играчите можат слободно да играат со клубот по нивен избор (не е дозволено да играат со националните тимови)
- Домашниот тим прво го избира тимот, а на гостинскиот играч не му е дозволено да го земе истиот клуб како неговиот противник
- Времетраењето на натпреварот е 10 минути
- Време: навечер
- Во случај на ист број бодови на табелата, најпрво се следи меѓусебниот дуел (важи правилото за гол во гости), а дури потоа и разликата во голови
ВАЖНО: Комуникацијата и потврдата на резултатите ќе се вршат исклучиво преку Discord.
Линкот за пристап до серверите Discord е на крајот од формуларот за апликација
Важни известувања:
- Сите играчи мора да имаат наполнети 16 години пред 28-ми септември
- Играчите кои ќе се квалификуваат за Лигата на Sinalco PES се ДОЛЖНИ да дојдат во Белград неделата од 28 септември до 3 октомври за потребите на продукцијата и снимањето. Патувањето и сместувањето се покриени
- Играчите се одговорни за нивната интернет-врска и техничко поставување за време квалификациите и Финал 4
- Секој играч мора да ја докаже својата припадност на земјата за која ќе игра, како и да потпише формулар за учество
- Секој играч кој успешно ќе се квалификува ќе мора да потпише договор со организаторот на лигата (Fortuna Esports)
- Пред плаќањето на наградите, ќе се пресметаат сите даноци, придонеси, такси и други административни трошоци пропишани со законите на Република Србија
Следете не’ на:
YouTube: https://www.youtube.com/fortunaesports
Facebook: https://www.facebook.com/FortunaEsports/
Instagram: https://www.instagram.com/fortunaesports/
Discord: https://discord.gg/x9uz97G
Website: https://sinalcopesleague.com/