Sinalco PES Балканска лига - Сезона 3 и квалификации

Пријавете се на квалификациите и претставете ја својата земја на Sinalco PES Балканската лига!


Официјалното натпреварување eFootball PES ќе биде за подрачјето на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија.

Лигата на Синалко се враќа на малите екрани од 3. мај, а сите натпревари ќе се пренесуваат во живо на Fortuna Esports YouTube каналот, како и на Sport Klub Esports TV каналот, од 03.05. до 27.06 кога ќе се игра големото финале.


Формат

Шест репрезентации од регионот, кои ќе бидат составени од по двајца натпреварувачи, ќе се борат за наградниот фонд од 5.000 евра и титулата регионален PES шампион. Натпреварите ќе се играат во Best-of-3 формат, каде што репрезентациите ќе играат 1v1 (домаќинот има предност да избере кој против кого ќе игра), а доколку резултатот по двете утакмици биде нерешен, победниците ќе го одиграат решавачкиот натпревар.

Лигата се игра исклучиво на платформата PlayStation, на актуелната верзија (eFootball PES2021).

Распределба на наградниот фонд:

  • 1. место: 2.000 ЕУР
  • 2. место: 1.200 ЕУР
  • 3-то и 4-то место: 600 ЕУР
  • 5-to и 6-то место: 300 ЕУР

Форматот на лигата е double round-robin (секоја репрезентација игра против секоја два пати) и по крајот на делот од лигата 4-те најдобро пласирани репрезентации одат во плејоф.

Играчите играат со репрезентациите на земјата од каде што доаѓаат во BALANCE MODE.

Гостите треба прво да го одредат распоредот на играчи за секој натпревар, додека предноста на домашниот терен дава можност домаќинот да се прилагоди на распоредот на противникот.

Времетраењето на натпреварот е 10 минути.

Во случај на ист број бодови на табелата, најпрво се следи меѓусебниот дуел (важи правилото за голови), а дури потоа и разликата во голови.

Време: навечер


Распоред на лигата


Квалификации

Квалификациите за третата сезона на Sinalco PES лигата ќе се одржат преку Интернет, на 13-ти март (групна фаза) и 14-ти март (плеј-оф) во 2021 година, додека финалните 4 (F4) се закажани за 20-ти март. Стартот е закажан во 12:00 часот. Апликациите за квалификациите траат до 10-ти март.

Секоја земја има свои посебни квалификации, а финалистите обезбедуваат место во F4 фазата на квалификациите на нивната земја, што ќе се одржи една недела по регуларниот дел од квалификациите.

  • Големината, распоредот и форматот на групите ќе зависи од бројот на регистрирани играчи.
  • Играчите можат слободно да играат со клубот по нивен избор (не е дозволено да играат во национални тимови).
  • Домаќинот прво го избира тимот, а на гостинскиот играч не му е дозволено да го земе истиот клуб како неговиот противник.
  • Времетраење на натпреварот е 10 минути
  • Време: навечер
  • Двајцата најдобро пласирани играчи минуваат низ групата во елиминациската фаза. Во групната фаза, играта се игра по принципот домаќин / гостин со секој противник. Во случај на ист број бодови на табелата, најпрво се следи меѓусебниот дуел (важи правилото за голови), а дури потоа и разликата во голови.
  • Во елиминациската фаза се играат два натпревари, а во случај на нерешен резултат ќе одлучи голот на гостинот. Доколку е нерешено дури и по примената на правилото за голови, ќе се играат продолженија и пенали.

Финалистите во овој дел од квалификациите го обезбедуваат своето место на F4 на нивната земја.


F4 квалификации:

Во оваа фаза ќе има играчи кои си го обезбедиле своето место преку квалификациите, како и двајца претставници на својата земја од минатата сезона во Балканската лига Sinalco PES.

Форматот е double round-robin (секој играч игра против секој два пати) и по завршувањето на делот F4 двајцата најдобро пласирани играчи ќе го обезбедат своето место во националниот тим за третата сезона од Балканската Sinalco PES лига.

  • Играчите можат слободно да играат со клубот по нивен избор (не е дозволено да играат со националните тимови).
  • Домашниот тим прво го избира тимот, а на гостинскиот играч не му е дозволено да го земе истиот клуб како неговиот противник.
  • Времетраењето на натпреварот е 10 минути.
  • Време: навечер
  • Во случај на ист број бодови на табелата, најпрво се следи меѓусебниот дуел (важи правилото за гол во гости), а дури потоа и разликата во голови.

ВАЖНО: Комуникацијата и потврдата на резултатите ќе се вршат исклучиво преку Discord. Линкот за пристап до серверите Discord е на крајот од формуларот за апликација:


Важни правила и известувања:

  • Сите играчи мора да имаат наполнети 16 години пред 5-ти април.
  • Играчите кои ќе се квалификуваат за Лигата на Sinalco PES се должни да присуствуваат на денот на снимањето што ќе се одржува цела недела од 05-11-ти април 2021 во Белград. Патувањето и сместувањето се платени.
  • Играчите се одговорни за нивната интернет-врска и техничко поставување.
  • Секој играч кој успешно ќе се квалификува мора да ја докаже својата припадност на земјата за која ќе игра, како и да потпише формулар како играч.
  • Секој играч кој успешно ќе се квалификува ќе мора да потпише договор со организаторот на лигата (Fortuna Esports).
  • Пред плаќањето на наградите, ќе се пресметаат сите даноци, придонеси, такси и други административни трошоци пропишани со законите на Република Србија.

Засега тоа е тоа, слободно прашајте нè се што сакате на нашите канали:

YouTube: https://www.youtube.com/fortunaesports

Facebook: https://www.facebook.com/FortunaEsports/

Instagram: https://www.instagram.com/fortunaesports/

Discord: https://discord.gg/x9uz97G

Website: http://sinalcopesleague.com/